Многу информации се испреплетоа во виртуелниот етер за новиот супер-SUV на Lamborghini, за конечно да ги дочекаме и официјалните вести, кои, како што беше најавено, пристигнаа од Пекинг.
Веќе првиот поглед на фотографиите го открива и неговото име - Urus, кое, според традицијата, повторно потекнува од животинскиот свет, но овој пат од историскиот, бидејќи се работи за изумрен вид големи говеда од кои настанале денешните бикови. Поставен е на истата платформа како и Bentley EXP 9 F студијата, која ќе се искористи и за наредните генерации на Volkswagen Touareg, Porsche Cayenne и Audi Q7. Големината, иако важна за ваков тип возила, овој пат е подредена на формата, која согласно спортскиот имиџ на марката налага и нивниот модерен SUV да биде со атлетска купе силуета и веднаш препознатлив преден дел, во кој има доволно место за голем, најверојатно V10 мотор од Gallardo или новиот турбо V8 на Audi, чии 600 KS во иднина сигурно ќе добијат и хибридна помош за задвижување на сите четири 24-инчни тркала.
Во 4,99 метри долгата, 1,99 широката и 1,66 метри високата каросерија има место за четири патници, а Urus, како вистински Lamborghini, ќе има и такви перформанси, за кои во овој момент не се зборува, но на кои е подредена градбата на целокупната структура на возилото, за кое се користени лесни материјали и јаглеродни влакна.
Иако според Штефан Винкелман, директорот на Lamborghini, Urus претставува конкретна идеја за идното проширување на гамата со трет модел, ништо конкретно не е објавено за неговата иднина - се знае само дека треба да помогне во остварувањето на плановите за двојно зголемување на годишно производство.

No comments:
Post a Comment