Со гордост својствена за Британците, Jaguar го најави својот нов модел, ретроактивно наречен F-Type.
Направен на платформата на концептот C-X16, покажан лани есента во Франкфурт, новиот спортски модел ќе биде родстер со две седишта позициониран под постоечкиот XK, со димензии некаде меѓу Porsche Boxster и 911. Користењето на ознаката F-Type е потребно за доловување на впечатокот дека британската марка се враќа кон своите легендарни корени, за што треба да придонесе и дизајнот на идниот модел, кој сега благо е најавен со објавените фотографии на маскираните прототипи. Како ќе изгледа сериската верзија ќе дознаеме во текот на годинава, најверојатно есенва на салонот во Париз, кога ќе бидат познати и деталите за механиката.
Се очекува новиот родстер на Jaguar да се најде во продажба веќе идната година, а неговата купе верзија во 2014-та.
Се очекува новиот родстер на Jaguar да се најде во продажба веќе идната година, а неговата купе верзија во 2014-та.
No comments:
Post a Comment