Latitude не беше долго најголем модел на француската марка - него на врвот на понудата го замени братучедот Talisman.
Применувајќи ја истата формула, Renault на големиот Samsung SM7, кој беше претставен лани во август, му ги промени ознаките и како нов модел го покажа под своето име на салонот на автомобилите во Пекинг. Целта на француската марка е со Talisman да го засили својот имиџ во Кина, бидејќи според сегашните информации, овој пет метри долг модел ќе се продава само таму. Продажбата ќе му започне од јуни годинава, по цена од скоро 40 илјади евра. Како и во Јужна Кореја, и во Кина ќе се нуди со 2,5 и 3,5 литарски V6 мотори од Nissan со 190 и 258 KS, и двата со шестстепени автоматски менувачи.
Renault има намера на кинеските купувачи да им се претстави како марка кај која луксузот е нормален, нешто обично, секојдневно. Лани Renault во Кина продаде 24.100 возила, за 60% повеќе од 2010 година, а до 2013 година има план за двојно зголемување на оваа бројка, заради што ќе ја прошири и дилерската мрежа од 80 на 170 локации.

No comments:
Post a Comment