На салонот во Женева, кој се одржа минатиот месец, Bugatti го претстави најсилниот и најбрзиот родстер во светот. Неговиот 8,0 литарски W16 мотор со четири турбо компресори, 1.200 KS и 1.500 Nm, кој ги задвижува сите четири тркала, му овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 2,6 секунди, до 200 km/h за 7,1 секунда и максимална брзина од 410 km/h во track режимот, додека во normal режимот на работа брзината е електронски лимитирана на 375 km/h. Засега се произведени само два примерока од Bugatti Veyron 16.4 Grand Sport Vitesse - еден со темно сив финиш со цена од 1,75 милиони евра, а другиот со езерско сина боја со карбон елементи, кои му ја качуваат цената на 1,91 милион евра.
No comments:
Post a Comment