Компанијата Intelligent Energy и Suzuki основаа заедничко претпријатие кое ќе развива и произведува горивни ќелии.
Со цел да се забрза пристигнувањето на новите генерации еко возила, со здружени сили двете компании учествуваат по половина во фирмата наречена Smile FC System Corporation, со седиште во Хамамацу, Јапонија, каде е и дирекцијата на Suzuki. Таа има задача да развие и произведува воздушно ладени погонски системи базирани на fuel cell технологијата, кои ќе имаат примена пошироко во индустријата. Договорот за основање му овозможува на Suzuki неексклузивно располагање со оваа технологија за своите идни возила со погон на горивни ќелии.
Intelligent Energy е компанија која се занимава со системи за чиста енергија на глобално ниво. Suzuki уште од 2006 година ги развива своите fuel cell проекти заедно со оваа компанија.
Intelligent Energy е компанија која се занимава со системи за чиста енергија на глобално ниво. Suzuki уште од 2006 година ги развива своите fuel cell проекти заедно со оваа компанија.
No comments:
Post a Comment