Фамозниот технички центар во јужна Италија, познат по патеката на која се остваруваат највисоките брзини, од идниот месец ќе стане сопственост на Porsche.
Според генералниот директор на германскиот производител, тестниот полигон чие име го слушавме придружено само со големи брзини, идеално се вклопува со постоечките капацитети кои ги поседуваат, така што во иднина Porsche ќе може поквалитетно систематски да ги развива новите модели и технологии. По финализирањето на купувањето на техничкиот центар од досегашниот сопственик Prototipo SpA, Porsche ќе вложи во оптимизирање на неговите можности, со цел да го направи попогоден и за други клиенти.
Техничкиот центар во Нардо, лоциран на штиклата на италијанската чизма, изобилува со мноштво погодности за тестирање - на површина поголема од 700 хектари се распослани две патеки, подолгата од 12,5 километри за постигнување максимални брзини и пократката од 6,2 километри за испробување на управливоста, како и повеќе делници со различни подлоги на кои може да се симулираат разни услови на патот, а благата медитеранска клима овозможува нејзино користење буквално нон-стоп, 24 часа на ден, седум дена во неделата, дванаесет месеци во годината.

No comments:
Post a Comment