Италијанскиот спортски производител, кој уште пред две години на салон во Женева настапи со хибридно решение, потврди дека развиваат хибридна верзија на големиот V12 мотор.
Системите како KERS им даваат зелена нишка и на спортските возила, задржувајќи ги во позиција да се одржуваат во рамките на генерално прифатливите емисии на CO₂. Хибридниот систем на Ferrari се состои од компактен и лесен електромотор поврзан со двојна спојка, кој според истражувањата, може да ја намали емисијата и до 35%, истовремено додавајќи уште 100 коњски сили. Иако оваа скапа технологија сé уште не може да се вклопи во пазарните математики, според првиот човек на италијанската марка, Амедео Фелиса, таа ќе биде основа за идниот развој на големите модели. Тој додаде уште и дека се разгледуваат можностите помалите модели да бидат понудени со шестцилиндрични мотори, но и дека тоа сигурно нема да се случи набргу.
После претставувањето на F12berlinetta, нареден модел кој го очекуваме од Маранело е замената на суперлативниот Enzo. V12 моторите се нераскинлив дел од историјата на Ferrari - нивниот прв модел, 125 S од 1947 година, имаше 1,5 литарски V12 мотор.

No comments:
Post a Comment