Моделот кој промени многу нешта не само кај Hyundai, туку и генерално во класата на компактни SUV возила, ја доживеа својата трета генерација.
Како еден од најстарите модели на Hyundai, но и во својата класа, компактниот SUV Santa Fe до максимум ја искористи својата популарност кај купувачите и веќе му беше време за замена. Но, тоа беше само причина плус Корејците најсериозно што можат да го подготват неговиот наследник, кој беше претставен на салонот во Њујорк. Дека добро знаат како треба, покажаа со Tucson и ix35, кој, како и за другите најсвежи модели на Hyundai, беше инспирација и третата генерација на Santa Fe, кај која е применета најсвежата варијација на познатиот дизајнерски стил, наречена „бурен раб" (Storm Edge), кој се одликува со помоќни и подинамични линии. Во реалноста, новиот Santa Fe изгледа помалку бумбарест и порафиниран отколку моделот кој го заменува, за разлика од кој, сега верзија со 7 седишта ќе има за 100 mm продолжено меѓуоскино растојание. Неа Hyundai ќе ја понуди ексклузивно со 3,3 литарски V6 GDi мотор со 290 KS, а моторните опции за верзијата со нормална должина се состојат од 2,4 литарски четирицилиндричен GDi мотор со 190 и 2,0 литарски турбо мотор со 264 KS. Сите три моторни верзии на Santa Fe ќе бидат на располагање само со шестстепен автоматски менувач, но ќе може да се бира погон само на предните или на сите четири тркала.
Според јужнокорејскиот производител, Santa Fe во Европа ќе биде понуден со 2,0 литарски Euro 6 дизел со 150 KS и со ревидираниот 2,2 литарски дизел мотор со 225 KS и 500 Nm, а постојат сериозни шанси да има и хибридна варијанта. Повеќе детали за новата генерација на Santa Fe, вклучувајќи ја и ознаката под која ќе биде понудена на Стариот Континент (најверојатно ix45), ќе дознаеме кога ќе се доближи терминот за негово лансирање во продажба, кон крајот на годинава.

No comments:
Post a Comment