Моделот кој ќе биде предводник на гамата, францускиот производител ќе го покаже на салонот во Пекинг, кој се одржува од 23 април до 2 мај.
Сé уште концепт, но сега со ознака Numero 9, новиот луксузен седан ќе биде лансиран како дел од субгамата DS, со која Citroën има намера да истражува нови пазарни територии. За да бидат успешни во тоа, Французите на DS моделите им наменија некои радикални решенија, кои им отвораат перспективи како премиум производи. Тие за DS линијата велат дека е инспирирана од деведесетте години историја на автомобилската совршеност, а со идниот DS9 (иако оваа ознака не е официјално потврдена) ќе се илустрира најдоброто од стручноста на Citroën во поглед на креативноста и технологијата. Во официјалното соопштение, Citroën за концептот Numero 9 вели дека е подготвен по повод лансирањето на DS линијата во Кина и дека ги најавува стилските линии на идните три модела од ова семејство - еден SUV и два седани од C и D сегментите.
Во Numero 9 е вградена plug-in хибридна технологија составена од 1,6 литарски турбо бензински мотор со 225 KS, електромотор од 51 kW наменет за задната оска и литиум-јонски батерии, за чие полнење се потребни 3,5 часа. Електричната автономија му е 50 km, емисија на CO₂ 39 g/km, просечната потрошувачка 1,7 l/100 km, максималната брзина 244 km/h, а забрзувањето од 0 до 100 km/h за 5,4 секунди. Во изгледот Numero 9 се разликува од пред две години исто така во Кина покажаниот концепт Metropolis главно по задниот дел, кој сега е изведен како shooting brake, а со должината од 4,93 метри е пократок од него за 37 сантиметри.
За две години откако беше лансирана DS линијата, која (засега) се состои од три модели - DS3, DS4 и DS5, Citroën продаде повеќе од 200.000 возила со нејзините ознаки.

No comments:
Post a Comment