Подготвувајќи терен за лансирање на новиот отворен двосед, британскиот производител ги објави деталите за моторите кои ги подготвува за него.
Помалиот од двата мотора е дволитарски турбо, со четири цилиндри, дериват на моторот од Range Rover Evoque. Постигнува максимални 240 KS и 340 Nm и ќе биде спарен со осумстепен автоматски менувач. Овој мотор ќе биде понуден и во XF и XJ, како замена за атмосферскиот 3,0 литарски V6. Вториот мотор, кој ќе располага со старт-стоп систем, е 3,0 литарски компресорски V6, кој во верзијата со 380 KS и 460 Nm ќе се најде во F-Type, а потсмирен на 340 KS и 450 Nm, место атмосферската верзија на големиот 5,0 литарски V8, исто така ќе биде понуден и во XF и XJ. И овој мотор ќе биде достапен со осумстепен автоматски менувач.
Jaguar го најави почетокот на продажбата на F-Type за средината на идната година.
Jaguar го најави почетокот на продажбата на F-Type за средината на идната година.
поврзани вести:
Jaguar го најави сосема новиот F-Type
Jaguar го најави сосема новиот F-Type
No comments:
Post a Comment