Nissan-овата луксузна филијала го покажа долго најавуваниот електричен концепт означен како LE, кој треба да биде основа за првиот нивни ваков модел.
Како што и беше најавено, се работи за седан со четири врати и купе линии, долг 4,74 метри и со меѓуоскино растојание од 2,7 метри, кое е идентично како и кај Nissan Leaf, со што се докажува нивната механичка поврзаност, односно заедничката платформата. Најверојатно заедничка е и електричната погонска група составена од електромотор од 100 kW и литиум-јонски батерии од 24 kWh, кои овозможуваат автономија од 160 km. Батериите на Infiniti LE можат да се полнат на три начина - преку интегрираниот полнач, со помош на брз полнач на еднонасочна струја и со напреден безжичен систем за полнење, за кој се верува дека ќе донесе револуција во начинот на користење на електромобилите. Благо футуристичкиот дизајн му е во согласност со тукушто покажаниот женевски концепт Emerg-E, а внатрешноста оддава дека се работи за модел кој веќе ја има надминато развојната фаза и е подготвен за производство, кое се очекува да стартува во текот на наредните две години.
Infiniti го најави својот настап на полето на електричните возила уште во 2010 на салонот на автомобилите во Париз.
Infiniti го најави својот настап на полето на електричните возила уште во 2010 на салонот на автомобилите во Париз.
No comments:
Post a Comment