Почнувајќи од 2014 година, Nissan во Европа ќе понуди и компактен модел.
Ова како изненадување беше најавено од јапонскиот производител за време на посетата на премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, на централата на Nissan во Јапонија. За таа цел, во фабриката во Сандерленд ќе бидат инвестирани 127 милиони фунти, од кои 8,2 милиони од британските фондови за регионален развој. За производството на новиот компактен хечбек ќе бидат ангажирани уште 225 работници, плус уште дополнителни 900 кај добавувачите на компоненти. Со тоа , бројот на вработени во оваа фабрика ќе порасне на рекордни 6.225 луѓе, а капацитетот на повеќе од половина милион возила. Од нив, Nissan очекува 80.000 да бидат од новиот модел.
По Juke, Qashqai, електричниот Leaf и во Женева со концептот Invitation најавениот субкомпактен модел (и двата од 2013-та), новиот хечбек ќе биде петтиот модел кој Nissan ќе го произведува во Велика Британија.

No comments:
Post a Comment