Соработката меѓу двете компании веќе се конкретизира - по инаугурацијата на нивната заедничка марка Denza, на салонот во Пекинг го покажа и концептот на првиот заеднички производ.
Планиран за производство веќе на почетокот на наредната година, новиот електричен модел има архитектура и безбедносни системи развиени од Германците и кинески батерии и електрична погонска група. Со внесувањето традиционални кинески елементи како да сака да се потврди дека овој модел, специјално развиен за Кина, и ексклузивно ќе се продава само таму. Спојот меѓу сегашноста и иднина го обезбедуваат имињата на двата производитела кои стојат зад Denza, а ергономски конструираната внатрешност во која се среќаваат некои футуристички иновации, треба да го покаже спојот на грижата и за патниците, и за околината.
Daimler очекува сегментот на електрични возила во Кина практично да експлодира од сегашните 10 илјади на дури 5 милиони возила годишно до 2020-та, заради огромната експанзија на средната класа, зголемената урбанизација и поддршката на властите кои имаат план да ја намалат зависноста на земјата од увозот на нафта.

поврзани вести:
Daimler и BYD ја претставија заедничката марка
Daimler и BYD ја претставија заедничката марка
No comments:
Post a Comment