Преплетувањето на PSA Peugeot Citroën и General Motors очигледно ќе забрза некои работи во автомобилската индустрија.
Тешките години поминаа, но опасностите да се повторат сé уште не, затоа и големите автомобилски производители не забавуваат во напорите да најдат начин како да ја намалат својата ранливост на економските кризи прелеани од другите сектори. А наједноставен начин за тоа е здружувањето на силите. Така, после изјавата на Серџо Маркјоне, дека е заинтересиран да разговара со секого кој ќе сака да разговара со него дадена на салонот на автомобилите во Женева, на виделина излегоа информациите дека Fiat преговара со Volvo за можно партнерство, со цел намалување на трошоците за развој на нови модели и заштеди во производството.
Шведската компанија со кинески капитал би била добар партнер на Fiat, под чија контрола е и Chrysler. Volvo веќе објави дека партнер за развој на своите идни компактните автомобили, со цел побезболно постигнување на целта од 800.000 произведени возила годишно до 2020-та, заради што се градат и две нови фабрики во Кина. Fiat исто така има намера да преговара и со јапонските производители за развој на алтернативни погонски решенија.

No comments:
Post a Comment