Популарниот во Европа доставен модел на Fiat од почетокот на идната година ќе биде понуден и на американските купувачи.
Плановите за интегрирање на Fiat и Chrysler предвидуваат Doblo во САД да се продава под ознаките на скоро формираната марка Ram. Сé уште не е познато со кои спецификации Doblo ќе биде понуден на американскиот пазар, кој во последно време сé повеќе покажува интерес за покомпактни доставни возила отколку вообичаените за нив. Fiat го произведува Doblo во Турција, со две меѓуоскини растојанија од 2.755 и 3.105 mm, односно со должина на каросеријата од 4,39 и 4,74 метри, две височини на кровот (1,85 и 2,10 метри), еден бензински мотор со зафатнина од 1,4 литри и 95 и три дизел мотори, од 1,3 литри со 90 KS, 1,6 литри со 105 KS и 2,0 литри со 135 KS, сите опремени со старт/стоп систем. Во зависност од варијантата, располага со товарен простор меѓу 3,4 до 4,6 кубни метри и носивост од 750 до 1.000 kg.
Во Европа, освен како Fiat, Doblo може да се купи и со ознаките на Opel.
Во Европа, освен како Fiat, Doblo може да се купи и со ознаките на Opel.
No comments:
Post a Comment