Со цел зајакнување на позициите во Северна Америка, бордот на директори на германскиот производител донесе одлука за изградба на фабрика во Мексико.
Добрата инфраструктура, прифатливите трошоци за работа и договорите за слободна трговија што ги има Мексико ја прават оваа земја оптимален избор за германскиот производител, кој има намера до 2016 година да започне со производство. Прв модел кој ќе се произведува таму ќе биде SUV - најверојатно новата генерација на Q5. Локацијата каде ќе биде изградена фабриката ќе биде избрана пред крајот на годината.
Минатата година Volkswagen започна со производство во својата фабрика во Чатануга, Тенеси, а од порано свои фабрики во САД имаат и BMW во Јужна Каролина и Mercedes во Алабама. Audi има план до 2020 година да ја зголеми продажбата на два милиона возила, од кои 200.000 во САД. Ланската продажба на германскиот производител во Соединетите Држави изнесуваше 117.000 илјади возила.

No comments:
Post a Comment