Како и што доликува на една премиум марка со светско педигре, Audi за салонот во Пекинг подготви три светски премиери.
Како најзначајна меѓу нив, би ја издвоиле спортската RS верзија на компактниот SUV Q3. За овој модел подготвен за сериско производство предвиден е петцилиндричниот 2,5 литарски турбо мотор од RS3 и TT RS со 355 KS, кој, дополнет со седумстепен менувач со двојна спојка и Quattro погон на сите четири тркала, му овозможува забрзување до 100 km/h за 5,2 секунди и максимални 265 km/h.
На основа на Q3 беше направен и концептот Jinlong Yufeng, кој всушност е реименуван Q3 Vail, нам познат од салонот во Детроит, а доминацијата на германската марка на полето на технологијата беше задолжен да ја покаже концептот A6L e-Tron, кој својата хибридна погонска група од 2,0 литарски TFSi со 211 KS и електромотор од 70 kW ја има позајмено од A8 Hybrid.

No comments:
Post a Comment