Неколку недели пред салонот на автомобилите во Пекинг, кој BMW го избра за да премиерно ја покаже Spyder верзијата на i8, германскиот концерт ги објави првите официјални информации за неа.
Во поглед на купе верзија на електричниот автомобил од идното i-семејство на BMW, освен отсуството на покривот се забележуваат и неколку разлики кај вратите, ретровизорите и задниот дел, кој е со транспарентен поклопец на моторот, но најголемата е тоа што i8 Spyder е двосед со за 15 cm пократко меѓуоскино растојание, а со тоа и за исто толку помала должина. Plug-in хибридната погонска група е задржана иста - централно поставен 1,5 литарски трицилиндричен дизел со 223 KS за задните и електромотор од 96 kW за предните тркала, кои можат независно да го задвижуваат возилото. Кога работат заедно, го забрзуваат i8 Spyder до 100 km/h за 5,0 секунди (i8 Coupe: 4,6) и дотеруваат до електронски ограничени 250 km/h. Според BMW, новиот спајдер би имал комбинирана потрошувачка од 3,0 l/100 km и електрична автономија од 27 до 30 km, додека за полнење на литиум-јонските батерии се потребни 1,45 часа.
Се очекува дека BMW нема многу да се размислува околу сериското производство и на оваа отворена верзија на поголемиот член на новоформираното i-семејство.
Се очекува дека BMW нема многу да се размислува околу сериското производство и на оваа отворена верзија на поголемиот член на новоформираното i-семејство.
поврзани вести:
BMW i8 Spyder (видео)
No comments:
Post a Comment