Британската марка, која е во сопственост на Кинезите од 2005 година, на салонот во Пекинг покажа мал кросовер.
Означен како Icon, новиот модел на MG, кој како сериски производ треба да се појави за две години, со својот дизајн малку потсетува на MGB GT, а со своите димензии на Nissan Juke. Направен на платформата на Roewe 350, односно MG5, кросоверот со три врати ќе биде задвижуван со 1,5 литарски турбо мотор развиен од Shanghai Automotive Industry Corporation, во чија сопственост се и двете споменати марки.
Легендарната британска марка во 2005 година беше откупена од Nanjing Automobile, кој две години подоцна се припои кон конгломератот SAIC. Кинезите во повеќе обиди пробаа да ја заживеат оваа марка, за да конечно лани, по 16 години пауза, производството во погоните во Лонгбриџ биде рестартирано.

No comments:
Post a Comment