Јапонскиот производител објави дека новата генерација на Mazda6 ќе биде претставена есенва на салонот во Париз.
Според официјалните информации, новата генерација на Mazda6 ќе биде креирана на основа на концептот Takeri (на сликите), кој за прв пат беше покажан на салонот во Токио во декември, а потоа и на салоните во Женева и сега во Њујорк. Во новиот модел од средната класа на Mazda длабоко ќе биде имплементирана SkyActiv технологијата, што значи дека ќе биде понуден со новите семејства бензински и дизел мотори, како и со мануелните и автоматски трансмисии развиени како дел од овој проект. Се работи за 2,0 литарски бензински и 2,2 литарски дизел мотори со старт-стоп и систем за регенерација на енергијата при кочење, додека менувачите се со шест степени.
Новата Mazda6 се очекува на пазарот во првиот квартал од 2013 година.
Новата Mazda6 се очекува на пазарот во првиот квартал од 2013 година.
No comments:
Post a Comment