На невообичаено место, на салонот во Пекинг, Seat ја престави обновената Ibiza Cupra.
Причината за изборот на Пекинг за прикажување на еден ваков, кон Европјаните насочен модел, секако е желбата за зајакнување на своите позиции во Кина, каде Seat сé уште е многу слабо познато име. Затоа пак, Cupra е име кое надалеку е познато, а за да остане такво ќе се погрижи и новиот модел, чиј преден дел сега го има новото лице на Ibiza, со малку поширока маска, неколку спортски детали и LED светла. Одзади Ibiza Cupra се препознава по трапезоидниот издув и спортскиот браник со агресивни отвори за воздух, а тривратниот хечбек се разликува од регуларната Ibiza и во внатрешноста, во која доминираат спортските седишта. Погонската група немаше потреба да се менува - 1,4 литарскиот TSi мотор со два компресора и 180 KS, спарен со седумстепена трансмисија со двојна спојка, во целост го заслужува името Cupra.
Новата Ibiza Cupra во продажба ќе се најде подоцна годинава.
Новата Ibiza Cupra во продажба ќе се најде подоцна годинава.
No comments:
Post a Comment