Четвртиот по големина и според аналитичарите најперспективен кинески производител, Chery, за салонот во Пекинг подготви два изненадувачки концепта.
Првиот, со ознака TX, претставува стилски кросовер со кој најголемиот извозник на возила во Кина ја најавува својата идна гама вакви возила, додека вториот, со име Ant, е футуристичка студија во чие креирање фантазијата на дизајнерите не била попречена од ништо. Никакви детали за двете возила не се познати.
Од пред некое време, Chery стана партнер на Jaguar Land Rover, кој преку него ќе се обиде да го зголеми своето присуство во Кина.
Од пред некое време, Chery стана партнер на Jaguar Land Rover, кој преку него ќе се обиде да го зголеми своето присуство во Кина.
No comments:
Post a Comment