Развивано под работната ознака Project Nina, спортското купе со четири врати ќе биде првиот масовно произведуван модел на калифорниската марка.
Со пропорции помали од Karma, средноголемиот седан со купе силуета треба да претставува одговор на младите и општествено одговорни семејни луѓе кои бараат топ-возило за себе. Во поглед на дизајнот до израз доаѓа влијанието на Karma, чии линии се малку покомпактно сплотени во еден спуштен и брз заден дел, кој вешто го крие задниот пар врати. Како и Karma, и Atlantic е сериски plug-in хибрид, што значи дека може да биде задвижуван само со електрична енергија, а дволитарскиот турбо мотор од BMW служи само за полнење на литиум-јонските батерии. Погонот стандардно е на задните тркала, а ќе биде понуден и со интегрален погон на сите четири тркала.
Иако веќе подолго време се работи на него, од Fisker сé уште не даваат прецизни детали за Atlantic, но се верува дека неговата цена ќе стартува под 50.000 долари, што е скоро двојно помалку од Karma. Atlantic ќе се произведува во поранешната фабрика на GM во Делавер, за чие ревитализирање од Fisker велат дека обезбедиле 400 милиони долари од приватни фондови. На пазарот се очекува кон средината на идната година.

No comments:
Post a Comment