Сé поагресивниот германски автомобилски производител и официјално од пред нос му го зеде Ducati на Mercedes.
Доставувајќи понуда која досегашните сопственици Investindustrial SpA не можеа да ја одбијат, Audi и официјално ќе стане нов сопственик на италијанскиот производител на мотоцикли Ducati. Сумата за која Audi го купи Ducati не е објавена, но се зборува за 860 милиони евра. Според челниците на Audi, чии марки од кои многу порано настана се занимаваа и со производство на мотоцикли, оваа дејност идеално ќе се вклопи во имиџот на четирите преплетени круга заради големото искуство кое го имаат во правењето лесни конструкции и високоперформансни мотори. Ducati, од своја страна, исто така е марка со големо почитување (има освоено 17 светски шампионски титули), но и бизнис кој е доста профитабилен - лани продаде 42.200 мотоцикли и оствари приходи од 480 милиони евра, но се соочуваше со проблеми во работењето кои му наталожија загуби од околу 200 милиони евра.
За финализирање на зделката, треба да се сочека одобрувањето од европските антимонополски органи.
За финализирање на зделката, треба да се сочека одобрувањето од европските антимонополски органи.
No comments:
Post a Comment