Ако се мислеше дека со појавувањето на концептот EXP 9 на Bentley се потврдија шпекулациите дека Lamborghini веќе има подготвено луксузен SUV, кој ќе го покаже на салонот во Пекинг, изјавата на шефот на италијанскиот спортски производител кажува друго.
Истакнувајќи дека на Lamborghini му е потребен посеопфатен среднорочен и долгорочен план и дека еден ваков ултралуксузен теренец наменет за секојдневно користење, а не само за трки или викенд-возења би бил значаен модел со кој марката која од 2009 година таложи загуби ќе привлече нови купувачи, Штефан Винкелман за германскиот дневен бизнис весник Handelsblatt изјави дека доколку Volkswagen даде зелено светло, овој модел треба да го очекуваме во 2017 година. За да не се повторат негативните реакции кои ги предизвика концептот на Bentley, кој ќе биде поставен на иста основа, Винкелман смета дека емоциите за марката се важни и новиот модел мора веднаш да биде препознат како Lamborghini, дури и кога се работи за теренец.
Уредниците на весникот додаваат и уште дека од извори од Volkswagen разбрале дека одлуката за производство на луксузен SUV со ознаките на Lamborghini „е извесно дека ќе биде позитивна“.
Уредниците на весникот додаваат и уште дека од извори од Volkswagen разбрале дека одлуката за производство на луксузен SUV со ознаките на Lamborghini „е извесно дека ќе биде позитивна“.
поврзани вести:
И Lamborghini со свој теренец
No comments:
Post a Comment