Втората генерација на успешниот модел на чешкиот производител е пред пензија, бидејќи нејзината замена се подготвува за салонот на автомобилите во Париз.
Со нешто поголеми габарити отколку сегашниот модел, но со малку поспортски стил, новата Octavia ќе биде направена на основа на платформата на идната, седма генерација на Golf, кој исто така се очекува во Париз. Во понуда ќе биде како лимузина со пет врати и караван, но за разлика од сега, моторите со кои ќе биде понудена новата Octavia ќе бидат исклучиво TSi и TDi, со најмалку 100 коњски сили, додека за Octavia RS се споменува дволитарскиот мотор со 270 KS од Golf R. Прифатливата цена, пространиот и функционален ентериер и квалитетните материјали веќе станаа заштитен знак за чешкиот модел, а од современата технологија ќе биде опремена со старт-стоп систем, активен темпомат, помош за паркирање и слично.
Во плановите на чешкиот производител се наоѓа и хечбек варијантата на новата Octavia, но дали ќе биде развиена, пред сé зависи од Volkswagen. Големи надежи Škoda полага и во новиот компактен седан Rapid, кој, како замена за досегашната Octavia Tour, треба да се позиционира меѓу Fabia и Octavia.

No comments:
Post a Comment