Во наредните години, нé очекува вистинска моделска офанзива од италијанскиот производител кој подготвува 22 нови модели од марките Fiat, Alfa Romeo и Lancia.
Alfa Romeo според плановите, кои сепак се под знакот на прашање, треба да ја поднови својата гама со шест нови модели. Два од нив се теренци, еден компактен кој се проектира на основа на Jeep Compass и еден поголем, на база на Grand Cherokee. За помалиот работите се поизвесни, но не е сигурно дека поголемиот SUV модел на Alfa ќе се појави во 2014 година, како што беше планирано. Одобрување чека и големата лимузина, која би била наследник на некогашниот модел 166. Оригинално планирана за 2008 година, заради разни причини овој проект беше прекинат, за да сега повторно се појави во плановите на Fiat, без строго прецизиран датум за негова реализација. Затоа, пак, добро се знае дека идната година ќе пристигнат двоседот 4C и новата Giulia, која ќе има и караванска верзија.
Lancia, чија гама која се интегрира со Chrysler, ќе лансира седум нови производи. За првиот од нив веќе знаеме - тоа е кабриолет верзијата на Flavia, која ќе се појави на пазарот до крајот на годинава. Нејзината лимузинска изведба треба да ја очекуваме идната година, а после нив и наследникот на Delta, кој, направен на основа на Dodge Dart, можно е да се појави и во седан и караван верзија. За 2014 година, од Lancia се очекуваат наследниците на останатите модели добиени со ребрендирање на возилата на Chrysler - Thesis и Voyager.
И Fiat ќе има седум новитети - годинава ќе бидат лансирани 500L и новиот Bravo во седан верзијата, потоа ќе следат теренската верзија на Panda и хечбек и караван верзиите на Bravo, а на крајот новата генерација на Punto и долго очекуваниот мал Topolino.

No comments:
Post a Comment