Дваесет години по првата генерација, која престана да се произведува во 2010 година, Chrysler го претстави наследникот на ултимативниот Viper, кој сега ќе се продава под ознаките на нивното перформансно одделение SRT. Големиот алуминиумски 8,4 литарски V10 мотор е ревидиран и сега постигнува 640 KS и 813 Nm, кои преку шестстепен мануелен менувач ги испраќа на задната оска. Дел од подвозјето е направено од магнезиум, некои компоненти од каросеријата од јаглеродни влакна, а вратите од алуминиум. За внатрешноста на новиот Viper се користени премиум материјали, а седиштата му се од кевлар и стаклени влакна. Во продажба, новиот SRT Viper ќе се најде пред крајот на годината.
No comments:
Post a Comment