Јапонскиот производител на салонот во Пекинг покажа два концепта на компактни возила, кои ќе настапуваат глобално.
Индиректно посочувајќи ни дека се работи за првите модели креирани во согласност со нова глобална платформска стратегија, за која нé извести пред неполн месец, Toyota во прештурото соопштение од салонот во Пекинг малку филозофски објави уште дека за седанот со четири и хечбекот со пет врати ја избрала ознаката Dear Qin, за која велат дека значи почитуван, односно близок, за да ја демонстрираат желбата овие модели да станат посакувани од многумина. Иако никакви други информации за нив не се соопштени, може да претпоставиме дека конкретните модели настанати на нивна основа може да ги очекуваме веќе догодина.
Освен Dear Qin концептите, Toyota во Пекинг покажа и концепт на седан со остро извлечени линии, ексклузивно наменет за кинескиот пазар, за чиј хибриден погон објави само дека е главно развиен во Кина.

поврзани вести:
Нова развојна стратегија на Toyota
Нова развојна стратегија на Toyota
No comments:
Post a Comment