Набргу по првите официјални вести дека Ferrari развива хибриден погон со V12 мотор, пристигна и потврдата дека тој ќе биде употребен кај наследникот на Enzo.
Според информациите пласирани на салонот во Пекинг, за наследникот на Enzo, кој најверојатно ќе се појави на салонот на автомобилите во Женева во март идната година, веќе е развиена хибридна верзија на V12 моторот кој ќе се вградува во него. Настаната на основа на пред две години во Женева покажаниот HY-KERS хибриден систем, од него се разликува по централната позиција во возилото и подобрената емисија на CO₂, која сега е за 40% пониска. Технички детали не се објавени, но неофицијално се дознава дека како основа е земен 6,3 литарскиот V12 мотор од FF и F12berlinetta, чии околу 800 коњски сили се засилени со околу 90 електрични киловати, што значи дека ексклузивниот супермодел би имал на располагање 920 KS.
Наследникот на Enzo најверојатно ќе биде означен како F70, со што би се продолжила традицијата започната со F40 и F50.
Наследникот на Enzo најверојатно ќе биде означен како F70, со што би се продолжила традицијата започната со F40 и F50.
поврзани вести:
Ferrari го потврди V12 хибридот
Ferrari го потврди V12 хибридот
No comments:
Post a Comment