Според извори од американската компанија, наредната генерација на Mustang нема веќе да има ретро изглед, туку модерни црти инспирирани од концептот Evos (на сликите), покажан лани на салонот во Франкфурт.
Ова значи значително свртување во еволутивниот развој на американската автомобилска икона, која во текот на скоро целокупниот свој животен век се базира на мускулестите линии со кои моделот беше лансиран во 1964 година - исклучок е само трета генерација, која се произведуваше од 1979 до 1993 година. Идната, шеста генерација на Mustang, која се очекува во 2014 година, би го задржала „ајкуловиот" нос со тркалезни светла, но во целина нејзините линии би биле поостри. Како причина за ова радикална промена во дизајнот на Mustang се наведува демографската промена на населението во САД, заради што на сé поголем број купувачи на вакви возила ретро изгледот не им е атрактивен, што се одрази и на неговата продажба, која од 2006 година, кога беше претставена сегашната петта генерација, падна од 166.530 на 70.438 возила лани.
Со промените во дизајнот, Ford се надева дека новиот Mustang ќе биде интересен за купувачите родени меѓу 1980 и 1999 година, кои во САД ги има околу 80 милиони.
Со промените во дизајнот, Ford се надева дека новиот Mustang ќе биде интересен за купувачите родени меѓу 1980 и 1999 година, кои во САД ги има околу 80 милиони.
No comments:
Post a Comment