Со едно од двете најавени изненадувања што ги подготви за салонот во Пекинг, Honda ги покажа плановите за свое повторно присуство во компактната моноволуменската класа.
Студијата со ознака Concept S има за задача да ја покаже основата на која во блиска иднина ќе биде направен новиот компактен моноволуменец на Honda. Според соопштението на јапонскиот производител, значењето на буквата S во ознаката на концептот е земено од зборовите stylish, smart и surprise, односно стилски, умен и изненадување. За овој модел, кој најпрво ќе биде понуден во Кина идната година, а нешто потоа и глобално, Honda вели дека ќе има хибриден погон и пространа кабина, без било какви дополнителни информации.
Второто изненадување на Honda во Пекинг беше средноголем седан со ознака Concept C, наменет исклучиво за кинескиот пазар.
Второто изненадување на Honda во Пекинг беше средноголем седан со ознака Concept C, наменет исклучиво за кинескиот пазар.
No comments:
Post a Comment