Првобитно планирана за салонот во Њујорк, кабриолет варијантата на Beetle сепак ќе се појави доцна есенва, на салонот во Лос Анџелес, кој ќе се одржи од 28 ноември до 9 декември.
Од Volkswagen Америка не ги објаснуваат причините за ова одложување, изјавувајќи само дека кабриолет варијантата на Beetle, која во продажба во САД ќе се најде во првиот квартал од 2103 година, ќе биде понудена со истите погонски групи како и затворената верзија, што значи дека сé уште се размислува дали и на Американците ќе им биде на располагање со дизел мотор. Во моментов, Beetle таму се нуди само со 2,0 литарски TSi мотор со 200 KS и 2,5 литарски петцилиндричен мотор со 170 KS, додека 2,0 литарската TDi верзија со 140 KS се очекува летово.
Нормално, Beetle Cabrio во Европа ќе биде на располагање со помодерна и пообемна моторна технологија, но сé уште не се знае ништо за понудата.
Нормално, Beetle Cabrio во Европа ќе биде на располагање со помодерна и пообемна моторна технологија, но сé уште не се знае ништо за понудата.
No comments:
Post a Comment