Кинескиот производител BYD на салонот на автомобилите во Пекинг покажа концепт на електричен седан.
Не давајќи скоро никакви податоци ниту за возилото, ниту за плановите за него, од BYD за големиот седан со ознака Qin се дознава само дека располага со DM II dual-mode електрична технологија, која му овозможува забрзување до 100 km/h за само 6,9 секунди, како и дека трошоците за електрична струја со кои оваа лимузина ќе помине 100 km изнесуваат околу две евра.
BYD е една од најагресивните кинески марки, за која се предвидува дека незапирливо ќе го освои светиот благодарение на својата електрична програма. Daimler за свој партнер во развојот на електричната гама возила за кинескиот пазар ја има избрано токму оваа компанија.

No comments:
Post a Comment