Настаната на темелите на разрушената Zastava, фабриката на Fiat во Србија е најмодерната во моментов.
Отворањето на фабриката во Крагуевац свечено го одбележаа српскиот премиер Мирко Цветковиќ и првиот човек на Fiat, Серџо Маркјоне. Значењето на оваа една милијарда тешка инвестиција за Fiat означува почеток на една друга ера во организацијата на производството, бидејќи во фабриката е инсталирана најсовремена опрема, додека за Србија е во функција на креирање на динамички амбиент за привлекување на странски инвестиции. Во неа ќе бидат вработени 2.400 лица, плус уште илјада во околните добавувачи.
Изградбата на комплексот со вкупна површина од 1,4 милиони квадратни метри траеше три години. Првиот модел кој ќе се произведува ќе биде моноволуменскиот 500L, кој во продажба низ Европа ќе се најде кон крајот на годинава, а подоцна најверојатно и неговата верзија со седум седишта, како и кросоверот 500X. Fiat очекува во Крагуевац да произведува околу 200.000 автомобили годишно.

No comments:
Post a Comment