Во мај 2010 година, германскиот Daimler и кинескиот BYD со учество 50:50, ја формираа заедничката компанија BYD Daimler New Technology со единствена цел - да развие и произведува прифатливи електрични возила за најголемиот и најперспективен пазар во светот.
Сега, неколку недели пред почетокот на салонот во Пекинг, каде ќе биде прикажан нивниот прв модел, тие ја претставија новата марка Denza, под чии ознаки, почнувајќи од идната година, тој ќе се продава. Името на новата марка на кинески е означено со карактерите 腾势 (téng shì), кои заедно значат растечка моќ и динамика, додека логото со својот „течен" облик на капка вода поддржана од две раце, ги претставува еко-заложбите и заедничката потпора на двата партнера.
Во овој заеднички проект, Кинезите го вложија своето знаење во погонските системи и батериите, а Германците во конструкцијата на возилото. Ниту една од двете страни не споменува никакви планови за пласман на возилата и на други пазари освен кинескиот.

No comments:
Post a Comment