За да се исплати полесно инвестицијата во новата флексибилна платформа, Volkswagen размислува за можноста да ја понуди и на други производители.
Платформата означена како MQB (што е кратенка од Modularer Querbaukasten) е проектирана така што може да има различни меѓуоскини растојанија, траги на тркалата и позиција на седење и може да биде имплементирана кај голем број модели со различна големина, намена и погонски групи - со внатрешно согорување, хибридни или електрични, заради што и VW планира до 2018 година да биде употребена кај повеќе од 6 милиони возила од марките на концернот. Голема предност е и тоа што на една иста монтажна лента можат да се произведуваат различни модели кои се поставени на оваа платформа.
Нејзината прва примена е во новиот Audi A3, а најпознат модел кој ќе биде поставен на неа секако е седмата генерација на Golf, која се очекува есенва, на салонот во Париз. Заради искористување на нејзините потенцијали, Volkswagen ќе инвестира во неа сé до крајот на 2013 година, по што вложеното во нејзиниот развој треба да започне да се враќа. Но, проценките дека тоа можеби нема да се одвива со темпо кое на VW ќе му одговара, е причината заради која се размислува оваа платформа да биде понудена и на други производители. Нормално, никакви детали за тоа не се објавуваат.
Во пакет со неа, Volkswagen развива и два модуларни мотора. Бензинскиот, означен како MOB, ќе биде на располагање со силина меѓу 60 и 150 KS и ACT технологијата за деактивирање на цилиндрите, а дизелскиот MDB се очекува во распон од 90 до 190 KS.

No comments:
Post a Comment