На салонот во Пекинг, кој започнува на 23 април, Fiat ќе ја претстави кинеската верзија на Dodge Dart.
Компактниот седан кој под името Fiat Viaggio ќе започне да се произведува во јули, ќе биде првиот модел произлезен од соработката на Fiat со Guangzhou Automobile групата. Седанот долг 4,67 метри, кој е базиран на модифицирана верзија на платформата на Alfa Romeo Giulietta, ќе се нуди со локално произведуван 1,4 литарски мотор во атмосферска и турбо верзија. Во план е лансирање и на хечбек верзија, која постои можност да биде извезувана во Европа како замена за слабо продаваниот Bravo.
Соработката со Guangzhou Auto е од суштинско значење за идниот настан на италијанската компанија во Кина, бидејќи Fiat се надева дека веќе од 2014-та ќе продава по 300.000 возила годишно, заради што во заедничката компанија ќе бидат инвестирани 5 милијарди јуани (595 милиони евра). Лани во Кина продажбата на Fiat едвај надмина 1.500 примероци од моделите Bravo, Linea, Punto, 500 и Freemont, кои се увезуваат од Италија и Мексико. Ова е трет обид на Fiat да навлезе на кинескиот пазар - претходната соработка со Nanjing Automotive заврши целосно без успех, а договорот за заеднички настап со Chery никогаш не профункционира.
*) на сликата е прикажан Dodge Dart

No comments:
Post a Comment