22 March 2012

Mercedes SL65 AMG

Топ верзијата на новиот луксузен родстер на Mercedes располага со 6,0 литарски твин-турбо V12 мотор со 630 KS и рамно 1.000 Nm. Mercedes за него вели дека забрзува до 100 km/h за 4,0 секунди, додека максималната брзина му е лимитирана на 250 km/h. За пазарот во САД ваков лимит нема, па американската верзија на SL65 AMG има декларирана максимална брзина од 186 милји на час, односно 299 km/h. Првото јавно прикажување е закажано за салонот во Њујорк на почетокот на идниот месец, а продажбата ќе му започне во септември.


No comments:

Post a Comment