Желбите на Lamborghini за проширување на гамата со трет модел најверојатно ќе се отелотворат во голем и ултраскап SUV.
Една по друга пристигнаа две вести од Lamborghini - првата, официјална, дека се отфрлаат плановите за развој на турбо мотори, и тоа најмалку до крајот на декадава, а втората, неофицијална, но веродостојна, бидејќи доаѓа од Audi, дека за салонот во Шангај, кој е на агендата во април, се подготвува претставувањето на концепт на луксузен SUV. Доколку постои вистина во овие извештаи, ваквото провокативно решение за проширување на гамата ќе биде базирано на платформата на идната генерација на семејните големи теренци Touareg/Q7/Cayenne, кои ќе бидат основа и за сличен модел на Bentley, очекуван до 2015 година.
Италијанскиот производител на суперавтомобили некогаш имаше ваков модел, наречен LM002, од кој од 1986 до 1993 произведе 328 примероци.
Италијанскиот производител на суперавтомобили некогаш имаше ваков модел, наречен LM002, од кој од 1986 до 1993 произведе 328 примероци.
No comments:
Post a Comment