Најавен на салонот во Токио, каде лани за прв пат се појави, како идниот мал глобален модел на Mitsubishi, што значи дека ќе го замени Colt во Европа, Mirage започна со освојување на светските меридијани од Тајланд, каде и ќе се произведува.
За него е изградена сосема нова, трета фабрика на Mitsubishi во Тајланд, која ќе биде задолжена на снабдување со возила најпрво на земјите од југоисточните делови на Азија, а потоа и на целиот свет. По Тајланд, каде веќе од 28 март ќе биде понуден со 1,2 литарски MIVEC мотор опремен со старт-стоп систем и CVT трансмисија, по цена меѓу 380 и 551 илјади тајландски бати, односно 9.300 и 13.500 евра, на ред се Јапонија и Европа, но засега нема информации за спецификациите со кои ќе ги освојува извозните пазари. За моделот долг 3.710 mm, широк 1.665 и висок 1.490 милиметри, во кој има место за пет патници, Mitsubishi вели дека според јапонскиот тест циклус е способен да помине 22 километри со еден литар гориво, што значи дека има потрошувачка од 4,5 l/100 km.
Mitsubishi очекува годинашната продажна на Mirage на глобално ниво да достигне 100.000 возила.
Mitsubishi очекува годинашната продажна на Mirage на глобално ниво да достигне 100.000 возила.
No comments:
Post a Comment