30 April 2012

Нов патен крстосувач на Renault

Latitude не беше долго најголем модел на француската марка - него на врвот на понудата го замени братучедот Talisman.

Jaguar ги претстави моторите за F-Type

Подготвувајќи терен за лансирање на новиот отворен двосед, британскиот производител ги објави деталите за моторите кои ги подготвува за него.

29 April 2012

Fiat 500L

Претставен на салонот во Женева, новиот моноволуменец на Fiat се одликува со повеќе или помалку познат дизајн, кој верно го следи духот на малиот и успешен 500. Моделот со должина од 4,14 метри и место за пет патници е поставен на платформата на Punto и на европскиот пазар ќе биде лансиран кон крајот на годинава, со два бензински (0,9 литарски TwinAir со 85 и 1,4 литарски со 77 и 105 KS) и еден 1.3 MultiJet II дизел мотор во две варијанти, со 75 и 95 KS. Fiat 500L ќе се произведува во Крагуевац.

Ford ја покажа производствената верзија на EcoSport

Само неколку месеци по дебито на концептот на салонот во Њу Делхи, Ford во Пекинг ја покажа производствената верзија на својот мал SUV.

28 April 2012

И официјално: Škoda Rapid наесен

Претставувајќи ја кинеската верзија на концептот MissionL, од Škoda потврдија дека неговото лансирање во Европа ќе биде есенва.

Bentley ги објави моторните опции за EXP 9 F

Негативните реакции на женевската публика кои придонесоа за преиспитување на дизајнот на идниот SUV, не го забави неговиот развој.

27 April 2012

Toyota ја најави новата генерација компакти

Јапонскиот производител на салонот во Пекинг покажа два концепта на компактни возила, кои ќе настапуваат глобално.

Дебитираше спајдер верзијата на i8

Како што беше најавено, најголем новитет на BMW на салонот во Пекинг беше спајдер верзијата на i8.

26 April 2012

Daimler и BYD го покажаа заедничкиот електромобил

Соработката меѓу двете компании веќе се конкретизира - по инаугурацијата на нивната заедничка марка Denza, на салонот во Пекинг го покажа и концептот на првиот заеднички производ.

Honda се враќа во моноволуменската класа

Со едно од двете најавени изненадувања што ги подготви за салонот во Пекинг, Honda ги покажа плановите за свое повторно присуство во компактната моноволуменската класа.

25 April 2012

И Peugeot со мал кросовер

Со покажувањето на концептот наречен Urban Crossover, Peugeot најави дека на голема врата влегува во сегментот на мали кросовери.

BYD со голем електричен седан

Кинескиот производител BYD на салонот на автомобилите во Пекинг покажа концепт на електричен седан.

24 April 2012

MG со нов кросовер модел

Британската марка, која е во сопственост на Кинезите од 2005 година, на салонот во Пекинг покажа мал кросовер.

Audi со три премиери во Пекинг

Како и што доликува на една премиум марка со светско педигре, Audi за салонот во Пекинг подготви три светски премиери.

23 April 2012

Chery со два изненадувачки концепти

Четвртиот по големина и според аналитичарите најперспективен кинески производител, Chery, за салонот во Пекинг подготви два изненадувачки концепта.

Веќе наследникот на Enzo со хибриден погон

Набргу по првите официјални вести дека Ferrari развива хибриден погон со V12 мотор, пристигна и потврдата дека тој ќе биде употребен кај наследникот на Enzo.

22 April 2012

И Cupra едицијата на Ibiza доживеа фејслифтинг

На невообичаено место, на салонот во Пекинг, Seat ја престави обновената Ibiza Cupra.

Дочекана најголемата пекиншка премиера

Многу информации се испреплетоа во виртуелниот етер за новиот супер-SUV на Lamborghini, за конечно да ги дочекаме и официјалните вести, кои, како што беше најавено, пристигнаа од Пекинг.

21 April 2012

Како да се вози Porsche 911 GT3

Британските експерти на Porsche објаснуваат како да се вози една машина со многу коњски сили и погон на задните тркала каков што е тркачкиот 911 GT3.

И официјално: Mercedes бејби-CLS

Со покажувањето на студијата наречена Concept Style Coupe, Mercedes започнува со освојување на сосема нови пазарни сегменти.

20 April 2012

Renault работи на нов евтин автомобил

Според слична формула како и со Logan, Renault подготвува нов супер евтин автомобил за пазарите во развој.

Suzuki има сериозни планови со горивните ќелии

Компанијата Intelligent Energy и Suzuki основаа заедничко претпријатие кое ќе развива и произведува горивни ќелии.

19 April 2012

Audi го купи Ducati

Сé поагресивниот германски автомобилски производител и официјално од пред нос му го зеде Ducati на Mercedes.

Audi ќе гради фабрика во Мексико

Со цел зајакнување на позициите во Северна Америка, бордот на директори на германскиот производител донесе одлука за изградба на фабрика во Мексико.

18 April 2012

Mercedes ја прошири комерцијалната гама

Со малиот доставен модел Citan, започна да се конкретизира соработката меѓу Daimler и Renault договорена во 2010 година.

Како Lexus прави реклами

Во главните улоги: Lexus GS, Тори Правер и двајца професионални возачи

17 April 2012

Fiat ја пушти во работа српската фабрика

Настаната на темелите на разрушената Zastava, фабриката на Fiat во Србија е најмодерната во моментов.

Fiat Doblo ќе се продава и во САД

Популарниот во Европа доставен модел на Fiat од почетокот на идната година ќе биде понуден и на американските купувачи.

16 April 2012

Hyundai Santa Fe

22 нови модели до 2014 година

Во наредните години, нé очекува вистинска моделска офанзива од италијанскиот производител кој подготвува 22 нови модели од марките Fiat, Alfa Romeo и Lancia.

15 April 2012

BMW ќе го препороди и Triumph

После успешната приказна со Mini, германскиот производител планира да ја возобнови и легендарната марка Triumph.

Fiat преговара со Volvo за партнерство

Преплетувањето на PSA Peugeot Citroën и General Motors очигледно ќе забрза некои работи во автомобилската индустрија.

14 April 2012

Концептот Evos основа за наредниот Mustang

Според извори од американската компанија, наредната генерација на Mustang нема веќе да има ретро изглед, туку модерни црти инспирирани од концептот Evos (на сликите), покажан лани на салонот во Франкфурт.

Сепак во 2017-та

Ако се мислеше дека со појавувањето на концептот EXP 9 на Bentley се потврдија шпекулациите дека Lamborghini веќе има подготвено луксузен SUV, кој ќе го покаже на салонот во Пекинг, изјавата на шефот на италијанскиот спортски производител кажува друго.

13 April 2012

Bugatti Veyron 16.4 Grand Sport Vitesse

На салонот во Женева, кој се одржа минатиот месец, Bugatti го претстави најсилниот и најбрзиот родстер во светот. Неговиот 8,0 литарски W16 мотор со четири турбо компресори, 1.200 KS и 1.500 Nm, кој ги задвижува сите четири тркала, му овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 2,6 секунди, до 200 km/h за 7,1 секунда и максимална брзина од 410 km/h во track режимот, додека во normal режимот на работа брзината е електронски лимитирана на 375 km/h. Засега се произведени само два примерока од Bugatti Veyron 16.4 Grand Sport Vitesse - еден со темно сив финиш со цена од 1,75 милиони евра, а другиот со езерско сина боја со карбон елементи, кои му ја качуваат цената на 1,91 милион евра.

Maserati со три нови модели

Италијанскиот производител на спортски возила планира во наредните две години да претстави три нови модели.

12 April 2012

Citroën го подготви луксузниот DS9

Моделот кој ќе биде предводник на гамата, францускиот производител ќе го покаже на салонот во Пекинг, кој се одржува од 23 април до 2 мај.

Porsche го купи техничкиот центар Нардо

Фамозниот технички центар во јужна Италија, познат по патеката на која се остваруваат највисоките брзини, од идниот месец ќе стане сопственост на Porsche.

11 April 2012

Кабриолет варијантата на Beetle дури наесен

Првобитно планирана за салонот во Њујорк, кабриолет варијантата на Beetle сепак ќе се појави доцна есенва, на салонот во Лос Анџелес, кој ќе се одржи од 28 ноември до 9 декември.

Nissan се враќа во компактната класа

Почнувајќи од 2014 година, Nissan во Европа ќе понуди и компактен модел.

10 April 2012

Нова развојна стратегија на Toyota

Со цел враќање на загубената лидерска позиција во глобалната продажба на возила, јапонскиот производител подготви нова развојна стратегија.

Како се забавуваат младите Корејци?


09 April 2012

Škoda ја подготвува новата Octavia за Париз

Втората генерација на успешниот модел на чешкиот производител е пред пензија, бидејќи нејзината замена се подготвува за салонот на автомобилите во Париз.

Honda ја подготви замената за Legend

На салонот во Њујорк, кој се одржува од 6 до 15 април, еден од најнапредните патнички автомобили на планетава го доби својот наследник.

08 April 2012

BMW i8 Spyder


И Infiniti стартуваше со електрификација на гамата

Nissan-овата луксузна филијала го покажа долго најавуваниот електричен концепт означен како LE, кој треба да биде основа за првиот нивни ваков модел.

07 April 2012

Новата Mazda6 ќе се појави во Париз

Јапонскиот производител објави дека новата генерација на Mazda6 ќе биде претставена есенва на салонот во Париз.

Ford и PSA Peugeot Citroën ја ограничуваат соработката

По 12 години и повеќе од 20 милиони произведени мотори, Ford и PSA Peugeot Citroën решија да ја ограничат својата соработка на полето на дизел моторите.

06 April 2012

Jaguar го најави сосема новиот F-Type

Со гордост својствена за Британците, Jaguar го најави својот нов модел, ретроактивно наречен F-Type.

SRT Viper

Дваесет години по првата генерација, која престана да се произведува во 2010 година, Chrysler го претстави наследникот на ултимативниот Viper, кој сега ќе се продава под ознаките на нивното перформансно одделение SRT. Големиот алуминиумски 8,4 литарски V10 мотор е ревидиран и сега постигнува 640 KS и 813 Nm, кои преку шестстепен мануелен менувач ги испраќа на задната оска. Дел од подвозјето е направено од магнезиум, некои компоненти од каросеријата од јаглеродни влакна, а вратите од алуминиум. За внатрешноста на новиот Viper се користени премиум материјали, а седиштата му се од кевлар и стаклени влакна. Во продажба, новиот SRT Viper ќе се најде пред крајот на годината.