Четвртата генерација на CR-V, која премиерата ја имаше на салонот во Лос Анџелес минатата година, се одликува со еволутивен и малку потсмирен изглед во споредба со претходно покажаниот концепт. Задржувајќи ги димензиите на досегашниот модел, доживеа трансформација на внатрешноста која сега е поблизу до премиум сфаќањата, а подобрување има и кај погонот на сите четири тркала. Во САД, новиот CR-V се нуди со 2,4 литарски четирицилиндричен i-VTEC мотор со 185 KS, 222 Nm и петстепен автоматски менувач, а во Јапонија и со дволитарскиот бензински мотор со 150 KS и 191 Nm, спарен со континуирана трансмисија. Европската верзија на Honda CR-V се очекува есенва.
30 June 2012
Mercedes ја покажа Shooting Brake верзијата на CLS
Караванската верзија на спортската купе-лимузина со четири врати за која се зборуваше уште од поодамна, сега станува реалност.
часот, категории:
Home,
Mercedes,
News Edition
29 June 2012
BMW заинтересиран за фабриката на Mitsubishi во Холандија
Според официјални извори од BMW, баварскиот производител е во преговори со NedCar за производство на возила.
часот, категории:
Executive Edition,
BMW,
Home,
Mini,
Mitsubishi
28 June 2012
Објавени дел од спецификациите за европската верзија на Hyundai Santa Fe
Со најавувањето на почетокот на продажбата на Santa Fe во Велика Британија, Hyundai ги објави и првите деталите за дизел верзијата на европската варијанта на популарниот SUV модел.
часот, категории:
Home,
Hyundai,
News Edition
27 June 2012
Новиот сопственик на Saab сé уште преговара за името
часот, категории:
Executive Edition,
Home,
Saab
26 June 2012
25 June 2012
И Citroën се интернационализира
Со претставувањето на два нови модела, францускиот производител започна со интернационализирањето на својата гама.
часот, категории:
Citroën,
Home,
News Edition
24 June 2012
Се подготвува освежување за R8
Моделот кој најмалку е Audi, а многу повеќе Lamborghini, суперспортскиот R8, годинава, како најава за неговата замена која се очекува во 2014-та, ќе биде малку освежен.
часот, категории:
Audi,
Home,
Secret Edition
23 June 2012
Доставната верзија на Mini станува реалност
Mini никако да ги исцрпи сите можни (и неможни) инспирации за создавање на нови варијанти на ултрауспешниот модел.
часот, категории:
Home,
Mini,
News Edition
Како BMW во Канада го рекламира M5
„Брз како куршум" во вистинска смисла на зборот. BMW M5 со своите 560 KS е најбрзиот седан во светот - од 0 до 100 km/h забрзува за 4,4 секунди и постигнува максимални 305 km/h.
часот, категории:
Кафе Пауза,
BMW,
Home
22 June 2012
BMW 6 Gran Coupe
Луксузната лимузина со изглед на купе, чии четири врати се искроени во веќе познатата каросерија на серијата 6, дизајнерски и механички не се многу разликува од својот донатор. Заради задоволување на потребите на патниците на задните седишта (BMW го опишува Gran Coupe како 4+1 модел) должината му застана на 5, меѓуоскиното растојание стигна до 3 метри, а багажникот му остана ист и во него собира четири торби за голф. Лансиран е со три мотори, сите со осумстепен автоматски менувач. BMW 640i и 640d Gran Coupe ќе располагаат со шестцилиндрични 3,0 литарски мотори со 320, односно 313 KS, а 650i со 4,4 литарски турбо V8 со 450 KS, со погон само на задните или на сите четири тркала. Подоцна се очекува гамата да биде проширена со повеќе моторни опции, меѓу кои и M6 Gran Coupe, со твин-турбо V8 мотор со 560 KS и седумстепен менувач со двојна спојка.
часот, категории:
Live Edition,
BMW,
Home
21 June 2012
Aston Martin го покажа наследникот на DBS
Одредувајќи му го славното име Vanquish од своето минато, Aston Martin на новиот модел му ја одреди и иднина.
часот, категории:
Aston Martin,
Home,
News Edition
20 June 2012
Kia го обнови Sorento
Со освежен изглед и неколку клучни подобрувања, три години стариот теренец на Kia ќе продолжи со вториот дел од својот животен век.
часот, категории:
Home,
Kia,
News Edition
19 June 2012
18 June 2012
17 June 2012
Lexus RX
Кросовер моделот кој беше лансиран во 2009 година ја започнува втората половина од својот животен век со ново лице, кое за прв пат го видовме кај седанот GS. Одлично вклопувајќи се во неговата флуидна силуета, RX сега има посериозен и полуксузен изглед, додека механичката основа е позната од порано. И ентериерот ги доживеа потребните промени, а новост во понудата е и F Sport верзијата, која треба да ги истакне карактерните особини на нејзините сопственици. Обновениот Lexus RX во продажба ќе се најде летово.
часот, категории:
Live Edition,
Home,
Lexus
16 June 2012
Kia Cee'd
Втората генерација на петвратниот хечбек, направен специјално за европскиот пазар, го продолжува трендот на тигрестиот дизајн со линии кои изгледаат помускулести и помоќни, гледано и однапред, и отстрана, и одзади. Иако меѓуоскиното растојание од 2.650 милиметри е идентично како и порано, има измени и во механичката основа. Во продажба е од овој месец, со вкупно четири бензински и дизел мотори, со зафатнина од 1,4 и 1,6 литри и силина меѓу 90 и 135 KS.
часот, категории:
Live Edition,
Home,
Kia
15 June 2012
Citroën го подготвува и DS1
Успехот на DS3 и DS4 и добриот почеток на DS5 го охрабрија францускиот производител да испроба каде е минималниот праг на престижот.
часот, категории:
Citroën,
Home,
Secret Edition
14 June 2012
13 June 2012
Трицилиндричниот мотор за i8 ќе се произведува во Британија
Веднаш по веста дека во својата британска фабрика го произведе тримилионитиот мотор, BMW објави и дека во неа ќе се произведува и трицилиндричниот мотор за i8.
часот, категории:
Blue Edition,
BMW,
Home
12 June 2012
11 June 2012
GM и SAIC заеднички ќе развиваат мали мотори
часот, категории:
General Motors,
Home,
MG,
Opel,
Roewe,
SAIC,
Secret Edition
10 June 2012
Peugeot 208
Според директорот на дизајн студиото на Peugeot, Жан Пјер Плу, 208 го означува почетокот на новата дизајн ера на возилата на француската марка. Според неговите зборови, новиот субкомпакт раскрстува со минатото, така што сите модели после него ќе бидат похомогени, односно попрепознатливи како дел од семејството на Peugeot. Од ова може да се заклучи дека и Peugeot ќе ја примени дизајн филозофијата на Volkswagen и Opel, за која верува дека ќе донесе подобрување на имиџот на марката и обраќање до поголем аудиториум. Инаку, Peugeot 208 е првиот сериски модел откако Плу е назначен за шеф на дизајнот на групацијата - претходно, од 2000 до 2009 година тој беше одговорен само за моделите на Citroën. Според неговата замисла, дизајнот на идните модели на Peugeot, кој беше најавен со поланскиот концепт SR1, треба да биде атлетски и елегантен, со чисти и прецизни линии.
часот, категории:
Live Edition,
Home,
Peugeot
Дали седан верзијата на Audi A3 ќе се појави најпрво во САД?
Најавувајќи го појавувањето на седан верзијата на А3 на американскиот пазар за подоцна годинава, Audi отвори друго прашање - кога всушност таа за прв пат ќе се појави.
часот, категории:
Audi,
Home,
Secret Edition
09 June 2012
40 години BMW M GmbH
Во мај 1972 година, баварскиот производител ја отвори специјалната спортска дивизија, тогаш наречена BMW Motorsport GmbH. Иако на почетокот идејата беше таа да се занимава со подготвување возила за трки, нејзиното делување и големото влијание што го имаше врз идните модели, во целост ја промени физиономијата на марката. Со текот на годините, ентузијазмот во постигнувањето високи перформанси стана двигател на динамичниот развој на оваа компанија, чии резултати од работењето се концентрирани во една единствена буква - M.
часот, категории:
Memory Edition,
BMW,
Home
08 June 2012
Инструмент табла според желба
Една од поинтересните особености на новиот Cadillac XTS, кој тукушто се најде во продажба во САД, е можноста за реконфигурирање на инструмент таблата. Користејќи како основа 12,3 инчен екран, возачот може да избере еден од четирите начини на информирање - од минимален до опсежен.
часот, категории:
Кафе Пауза,
Cadillac,
Home
07 June 2012
Mitsubishi Outlander
Користејќи го концептот PX-MiEV II претставен на салонот во Токио како добра појдовна точка, Mitsubishi ја подготвува втората генерација на компактниот SUV Outlander, кој своето пазарно деби ќе го има кон крајот на летото. Според најавеното, гамата на идниот Outlander од 2013 година ќе вклучува и верзија со хибриден погон составен од 2,0 литарски бензински мотор со 94 KS и два електромотора од 60 kW, еден за предните, еден за задните тркала.
часот, категории:
Live Edition,
Home,
Mitsubishi
BMW развива седумстепен мануелен менувач
И покрај неоспорната идна доминација на автоматизираните менувачи, германскиот производител во голема мерка ги истражува конструктивните решенија за седумстепен мануелен менувач.
часот, категории:
Executive Edition,
BMW,
Home
06 June 2012
05 June 2012
Audi A3
Новата генерација на компактниот хечбек, Audi ја лансираше на салонот во Женева. Настанат како прв модел на новата модуларна платформа, на која ќе биде поставен и Golf VII, новиот А3 е за 80 kg полесен од претходникот. Освен меѓуоскиното растојание кое му порасна за 23 mm и достигна 2.601 mm, во целост ги задржа истите пропорции. Надворешниот изглед му е строго во согласност со сите други модели на марката. На почеток, ќе се нуди со само три мотори, 1,4 и 1,8 литарските TFSi со 122 и 180 KS и 2,0 литарскиот TDi со 140 KS, додека за подоцна се најавени и 1,6 литарскиот и помоќен 2,0 литарски дизел со 180 KS, како и 1,2 и 2,0 литарските бензински мотори со 105 и 211 KS. Можно е Audi да го понуди А3 и во хибридна верзија, и тоа со погон на природен гас, а сигурно е дека ќе бидат развиени и S3 и RS3 верзиите, за кои се зборува дека ќе имаат мотори со 276 и 345 KS. За 2014 година се најавува и неговата електрична e-Tron верзија.
часот, категории:
Live Edition,
Audi,
Home
Новиот моноволуменец на Honda ќе се произведува во Индонезија
На поставувањето на темелите на новата фабрика во близината на Џакарта, Honda објави дека таму ќе се произведува и идниот нов компактен моноволуменец.
часот, категории:
Executive Edition,
Home,
Honda
04 June 2012
SsangYong Rexton во ново руво
Претставувајќи го како премиум SUV, SsangYong го доозначи обновениот Rexton со суфиксот W, изведен од зборовите work of art, односно уметничко дело.
часот, категории:
Home,
News Edition,
SsangYong
03 June 2012
Porsche Boxster
Третата генерација на отворениот двосед има алуминиумско тело кое наликува на 911, со детали од 918 Spyder. Подолгото меѓуоскино растојание и пошироките траги на тркалата укажуваат на комплетно преработеното подвозје, кое треба подобро да ја кроти силината од парот ревидирани шестцилиндрични боксер мотори со директно вбризгување на горивото - 2,7 литарскиот со 265 KS за нормалната и 3,4 литарскиот со 315 коњски сили за S варијантата. И двата мотора стандардно се спарени со шестстепен мануелен менувач, со можност за избор на седумстепена PDK автоматизирана трансмисија со двојна спојка. Малку заради намалената тежина, малку заради поголемата моќност, во првиот случај Boxster до 100 km/h забрзува за 5,7, а со посилниот мотор за рамно 5 секунди.
часот, категории:
Live Edition,
Home,
Porsche
Kia подготвува нов моноволуменец
Следејќи ги продажните трендови, а со цел уште подобро да се етаблира на европскиот пазар, малку подзаборавените моноволуменски возила на Kia ќе бидат заменети со еден заеднички модел.
часот, категории:
Home,
Kia,
Secret Edition
02 June 2012
Opel Mokka
Новиот субкомпактен кросовер на General Motors, креиран на модифицирана верзија на Gamma II платформата, која е основа за сегашниот Chevrolet Aveo и идната Opel Corsa, со своите мускулести линии ги надраснува 4,28-те метри должина, во кои се најде место и за багажник со зафатнина од 533 литри. Исполнетоста со модерни технолошки работи го навестува неговиот урбан карактер, а за теренски доживувања ќе биде на располагање и во верзија со погон на сите четири тркала. Како Opel Mokka ќе се нуди со 1,4 литарски турбо бензински мотор со 140 KS, 1,6 литарски атмосферски бензински мотор со 115 KS и 1,7 литарски дизел до 130 KS. Во продажба ќе се најде кон крајот на годинава.
часот, категории:
Live Edition,
Home,
Opel
01 June 2012
BMW 7
Стилските измени на надворешноста на рестилизираната лимузина која BMW во продажба ќе ја пушти во јули се благи, некои детали се сменети и во внатрешноста, а малку е дотерано и подвозјето, кое сега е саморегулирачко кај сите верзии, исто како и осумстепениот автоматски менувач. Најголемите измени се во моторната понуда, која сега е засилена со 3,0 литарскиот твин-турбо бензинец со 320 KS и 450 Nm и трилитарскиот шестцилиндричен дизел со три турбо компресори и 381 KS и 740 Nm. Ревидирани се бензинскиот 4,4 литарски турбо V8 кој сега има 450 KS и 650 Nm и хибридната ActiveHybrid7 верзија, кај која V8 моторот е заменет со споменатиот 3,0 литарски твин-турбо, засилен со 40-киловатен електромотор, а останатите мотори останаа исти - 3,0 литарскиот атмосферски бензински со 258 KS, големиот 6,0 литарски турбо V12 со 544 KS и 3,0 литарските дизели со 258 и 313 KS.
поврзани вести:
BMW го потврди фејслифтингот на серијата 7
BMW го потврди фејслифтингот на серијата 7
часот, категории:
Live Edition,
BMW,
Home
Наследникот на Auris во Париз
Официјално демантирајќи ги гласините дека наследникот на Auris повторно ќе го носи името Corolla, Toyota објави и дека неговиот концепт ќе го видиме на салонот на автомобилите во Париз, кој се одржува од 29 септември до 14 октомври.
часот, категории:
Home,
Secret Edition,
Toyota
Subscribe to:
Posts (Atom)