30 November 2012

Иновативен концепт-кабриолет од Hyundai

Користејќи го Veloster како основа, Hyundai (уште еднаш) креира возило со иновативен каросериски концепт.

Aston Martin Vanquish

Овој модел кој во гамата на Aston Martin го заменува DBS, е поставен на неговата алуминиумска платформа, која со модификациите сега е полесна и покрута. Располага со 5,9 литарскиот V12 мотор со 573 KS и 620 Nm, кој му овозможува забрзување до 100 km/h за 4,1 секунда и максимални 295 km/h. На располагање ќе биде со 2 или 2+2 седишта, а продажбата ќе му започне кон крајот на годинава, по цена од 189.995 фунти.


29 November 2012

BMW ја додефинира својата електрична гама

Калифорнија, како област која покажува значителна грижа за околината, беше идеално место BMW да покаже колку се сериозни неговите намери за електрификација на возилата на иднината.

28 November 2012

Пристигна Porsche Cayman

После 911 и Boxster, Porsche истапи со својата трета премиера годинава.

И Fiat 500 премина на струја

Ама само за САД - тукушто покажаниот мал градски фраер на батерии, нема да го види европското небо.

25 November 2012

Што ќе покаже Porsche во Лос Анџелес?

Одговорните од Porsche велат дека го избрале салонот во Лос Анџелес, кој се одржува од 30 ноември до 9 декември, како место на кое премиерно ќе покажат сосема нов модел.

24 November 2012

Mazda6

Париската премиера на Mazda6 ја покажа сета сериозност на јапонскиот производител, кој со претходно лансираниот компактен SUV CX-5 започна со нова пазарна офанзива на Стариот Континент. Впечатливиот модел кој целосно ги има инкорпорирано Kodo дизајнерскиот јазик и SkyActiv технологијата, во Европа ќе се нуди во седан и караван верзии со 2,0 литарски бензински мотори со 145 и 165 KS, 2,5 литарски бензински мотор со 192 KS и две варијанти на 2,2 литарскиот дизел со 150 и 175 KS.


22 November 2012

Суперавтомобилот на Alfa Romeo пред претставување

Тајните на Маркјоне за новиот модел на Alfa Romeo повеќе не се тајни - иако кога тој е во прашање сé може во последен момент да се промени, веќе е скоро извесно дека новото италијанско купе ќе започне да се произведува идната година.

19 November 2012

Замената на генерациите на C класата се доближува

Прототипите на моделот со интерна ознака W205 длабоко се навлезени во сеопфатните тестирања, кои ќе завршат пред салонот на автомобилите во Франкфурт идната година, кога новата генерација на C класата ќе биде претставена.

17 November 2012

До каде е SUV моделот на Maserati?

Ако во последно време доста се слуша за теренецот на Alfa Romeo, за SUV моделот на Maserati нема ниту збор.

Ford Fiesta

Типично за стратегијата на Ford, редизајнот на Fiesta го насочи добро продаваниот модел во вториот дел од својот живот кон поинаква публика, на која ќе и се додворува со новиот преден дел, кој му дава значително посериозен изглед. Истовремено, Fiesta е освежена и со нови моторни верзии - на дното на понудата сега е новиот еднолитарски литарски трицилиндричен турбо мотор, а на врвот 1,6 литарскиот EcoBoost мотор со дури 182 KS, наменет за нејзината ST варијанта.


16 November 2012

Ќе отиде ли G класата конечно во пензија?!

Можеби, но дури во 2025 година…

Suzuki се повлекува од САД!

Со намера да се фокусира на мото и наутичките производи, каде е значително појак, Suzuki ќе се повлече од американскиот автомобилски пазар.

15 November 2012

Електричната верзија на Spark подготвена за производство

Најавен лани, Spark EV, благодарение на зголемениот ангажман на General Motors на полето на алтернативната погонска енергија, ќе започне да се продава налето идната година.

14 November 2012

И Jaguar со свој SUV

На барање на американска продажна филијала, и Jaguar подготвува свој SUV модел.

Subaru го претстави новиот Forester

Со претставувањето на новиот Forester, Subaru успеа да го задржи петгодишниот ритам на обновување на својот компактен кросовер.

13 November 2012

Lamborghini го претстави Aventador LP700-4 Roadster

По покажувањето на концептот Aventador J во Женева, беше само прашање на време кога Lamborghini ќе ја промовира и сериската родстер верзија на својот најсилен модел.

Opel се откажа од електричната верзија на Adam

Иако најавена, електричната верзија на малиот премиум модел на Opel нема да биде развиена до крај.

12 November 2012

Volvo ќе ја прошири SUV гамата и со XC30

Со моделот XC30, шведската куќа се подготвува да ја прошири SUV гамата надолу

11 November 2012

Новата генерација на Cruze ќе се произведува во Европа

General Motors го потврди трансферот на производството на Chevrolet Cruze од Јужна Кореја во Европа.

10 November 2012

И Hyundai со мал SUV

Во наредните две години во класата мали SUV возила се очекуваат неколку значајни модели.

Volkswagen Golf

Седмата генерација на Golf, која во продажните салони во Германија пристигна на 10 ноември, уште пред да започне да се продава привлече 40.000 купувачи. Новата генерација на Golf е на располагање со четири бензински (од 86 до 140 KS) и два дизел мотора (со 105 и 150 KS), по цени кои започнуваат од 16.975 евра. Најпопуларниот европски модел во САД ќе биде понуден најрано пред крајот на 2014 година, заради тоа што Volkswagen сé уште не одлучил во која фабрика ќе го произведува.


09 November 2012

Aston Martin бара купувач

Според Bloomberg, британската марка на спортски автомобили наскоро би можела да помине под заштитничката капа на некој голем производител на возила.

Црна одежда за сребрената стрела

Многу бргу по освежувањето на SLS AMG, Mercedes ја покажа и неговата засилена Black Series верзија.

08 November 2012

Seat го потврди идниот мал SUV модел

После долго очекување, челниците на групата VW одобрија Seat да започне со развојот и подготовките за лансирање на мал SUV.

07 November 2012

Се планира и кабриолет верзија на 4C

Иако уште не е извесно ниту кога точно новиот спортски модел ќе се појави на пазарот, Alfa Romeo веќе го планира производството и на неговата отворена верзија.

06 November 2012

Renault го потврди лансирањето на марката Alpine

Она што се знаеше уште од поодамна, сега стана и официјално - спортската марка на Renault ќе започне да живее во наредните три до четири години, со помош на Caterham.

Пристигна новиот Maserati со четири врати

Како и што се очекуваше, Maserati финишираше со развојот на новата, шеста генерација на својот луксузен модел Quattroporte.

05 November 2012

Audi Q1 кон крајот на 2013 година

После Q7, па Q5 и Q3, кон крајот на идната година би можел да дојде и Q1.

04 November 2012

Volkswagen ја претстави отворената верзија на Beetle

Иако не е погодно време од годината за кабриолетите, на Volkswagen не му пречеше за да ја претстави отворената верзија на Beetle.

03 November 2012

Focus и во кабриолет издание

Иако Ford во моментов ја окупира јавноста со EcoBoost моторите, тоа не значи дека не работи и на нови модели.

02 November 2012

Citroën DS5

Францускиот радикален пристап кон премиум возилата резултираше со најфината скулптурна креација досега, а имплементирајќи ја најновата своја технологија, Citroën со третиот член на DS семејството најдобро покажа за што е способен. Динамичните линии и прикриената агресивност на првиот Citroën со HYbrid4 технологијата се пресликани и во луксузниот и модерен ентериер, а вкупно 200-те коњски сили се распределуваат на сите четири тркала со емисија на CO₂ од само 99 g/km. Останатата моторна понуда ги вклучува 1,6 литарските турбо бензинци со 156 и 200 KS, 1,6 литарскиот e-НDi дизел со 112 KS и старт-стоп систем и 2.0 HDi моторот со 163 KS.

Renault го обнови и Fluence

Пластичната операција за подмладување на средноголемиот седан на Renault подразбираше имплементирање на поостриот изглед на предниот дел со нови светла и слична маска со големо и позабележително поставено лого како и кај Clio.

01 November 2012

Renault ја покажа новата генерација на малиот седан Symbol

Некаде познат како Symbol, некаде како Thalia, малиот седан на Renault, направен на основа на втората генерација на Clio, има верна публика во земјите каде ваквите возила се барани.