Со намера да се фокусира на мото и наутичките производи, каде е значително појак, Suzuki ќе се повлече од американскиот автомобилски пазар.
Јапонската компанија, која годишно произведува скоро 3 милиони автомобили (но и исто толку мотоцикли), не може рамноправно да конкурира на американскиот пазар заради својата определба кон малите возила. Бројните обиди, како, на пример, технички напредниот Kizashi или пик-апот Equator (на сликата), кој е ребрендирана верзија на Nissan Frontier (американската верзија на Navara), не вродија со резултати кои можат да ја подобрат пазарната положба на четвртиот по големина јапонски и деветти светски производител на автомобили, така што раководството на американската филијала на Suzuki едноставно одлучи да прогласи банкрот и да прекине со дистрибуцијата на возила. Добра улога во тоа одиграа и неповолните курсни разлики, но и постојаното кратење на понудата, која сега се состои од само пет модели - освен Kizashi и Equator, годинава се нудат уште и Grand Vitara и SX4 во седан и хечбек варијантите.
Во услови кога пазарот во САД порасна за 14%, за првите 10 месеци годинава Suzuki продаде 5% помалку од лани - само 21.188 возила.
Во услови кога пазарот во САД порасна за 14%, за првите 10 месеци годинава Suzuki продаде 5% помалку од лани - само 21.188 возила.
No comments:
Post a Comment