Со претставувањето на новиот Forester, Subaru успеа да го задржи петгодишниот ритам на обновување на својот компактен кросовер.
Дизајнот на четвртата генерација на Forester не отиде многу подалеку од добро прифатениот изглед на неговиот претходник. Имплементацијата на новата семејна маска го става во тек со трендовите на марката, а поагресивно обрабените детали на браникот му даваат поголема доза самоувереност. Во прес соопштението на Fuji Heavi Industries е потенцирано дека новиот Forester, со цел за максимизирање на своите вредности како SUV модел, сега е повозлив на сите терени, има подобрено лежење на патот и зголемени безбедносни и еколошки параметри. Новиот модел има пораснато во сите димензии - во должина за 35 mm, во ширина за 15, во висина за 20 и во меѓуоскиното растојание за 25 mm, што ги поткрепува тврдењата на неговите креатори за попростран ентериер, зголемен простор за нозете и поголем багажник.
Во родната земја, Forester ќе се нуди со 2,0 литарски мотори со и без турбо компресор со 148 и 280 KS, а во САД со 2,5 литарски атмосферски мотор со 170 KS и новиот 2,0 литарски турбо мотор со директно вбризгување и 250 KS. Во Европа, каде Forester ќе пристигне напролет, на познатите дволитарски бензински и дизел мотори со 147, односно 150 KS ќе им се придружи и споменатиот турбо мотор со директно вбризгување, но со 240 KS. Јасно, сите мотори се со боксер конструкција, а симетричниот погон на сите четири тркала и понатаму останува карактеристика на Forester.

No comments:
Post a Comment