Прототипите на моделот со интерна ознака W205 длабоко се навлезени во сеопфатните тестирања, кои ќе завршат пред салонот на автомобилите во Франкфурт идната година, кога новата генерација на C класата ќе биде претставена.
Според претпоставките, таа ќе има дизајн многу близок до наредната генерација на големата S класа, со примеси од помалото од неа купе со четири врати, базирано на А класата. Најпродаваниот модел на Mercedes ќе биде поставен на нова платформа со ознака MRA, која ќе биде нешто подолга и поширока, но и полесна. За погон ќе се користат новите генерации турбо бензински и дизел мотор, а на располагање ќе бидат и хибридни погонски групи.
Новата генерација на C класата во седан варијантата во продажба треба да се најде напролет 2014 година. Караванската, купе и AMG верзијата се очекуваат нешто подоцна, а можно е да се појави и во кабриолет издание.

No comments:
Post a Comment