Пластичната операција за подмладување на средноголемиот седан на Renault подразбираше имплементирање на поостриот изглед на предниот дел со нови светла и слична маска со големо и позабележително поставено лого како и кај Clio.
Освен што стапува во вториот дел од својот живот со освежен изглед, моделот кој беше лансиран пред три години сега има дигитална инструмент табла и побогата опрема која вклучува нов аудио систем со блутут конекција, а кај поскапите пакети и новиот Renault R-Link мултимедиски систем со екран чувствителен на допир и гласовни команди.
Во поглед на механиката, Renault Fluence сега е достапен и со 1,6 литарски бензински мотор со 115 KS и безстепена трансмисија, со кој потрошувачката на гориво е намалена за дури 1,3 литри, на просечни 6,4 l/100 km, додека дизелската понуда се состои од 1,5 литарскиот dCi со 110 KS и менувач со двојна спојка и, за некои пазари, новиот 1,6 литарски dCi со 130 KS.
За разлика од европската верзија на Fluence, која премиерно беше покажана на салонот во Истанбул, скоро истовремено лансираната јужноамериканска верзија има сосема поинаков преден дел, што не беше случај досега. Претходно годинава беше освежен и Samsung SM3, моделот од кој Fluence има настанато.

No comments:
Post a Comment