Иако не е погодно време од годината за кабриолетите, на Volkswagen не му пречеше за да ја претстави отворената верзија на Beetle.
Формулата за трансформација на моделот е иста, а платнениот покрив кој дава ретро изглед се склопува над задните седишта за нешто над 10 секунди, при брзини под 50 километри на час. Ветробранското стакло е малку подисправено, а заради заштита од превртување, предните столбови се засилени и е додаден автоматски рол-бар систем, кој искокнува од зад задната клупа, која, патем кажано, е преклоплива. Од погонските единици, Beetle Cabrio ќе се нуди со: 1,2 литарски TSi мотор со 105 KS, 1,4 литарски TSi со 160 KS, 1,6 литарски TDi со 105 KS и 2,0 литарски TDi со 140 KS, спарени со мануелни или DSG менувачи, а во иднина ќе биде понудена и моќна 2,0 литарска TSi варијанта со 200 KS.
Првото покажување во јавноста на кабриолет верзијата на третата генерација на новиот Beetle ќе биде на салонот на автомобилите во Лос Анџелес, кој започнува на 30 ноември, а Volkswagen веќе започна со примање нарачки за овој модел, чија цена во Германија започнува од 21.350 евра. Покрај спортскиот R-Line, на купувачите на располагање ќе им бидат и три стилски пакети, инспирирани од 50-тите, 60-тите и 70-тите години.

поврзани вести:
Кабриолет варијантата на Beetle дури наесен
Кабриолет варијантата на Beetle дури наесен
No comments:
Post a Comment