После долго очекување, челниците на групата VW одобрија Seat да започне со развојот и подготовките за лансирање на мал SUV.
Така, моделот со големина колку Volkswagen Tiguan, кој беше најавен уште во 2007-та, конечно ќе стане реалност во 2015 година. Дизајнерските црти, кои во концептна форма промотивно ќе бидат покажани на некој од салоните во наредните две години, ќе ги наследи од лани покажаниот SUV концепт IBX, од кој ќе се разликува по бројот на вратите - наместо 3, ќе ги има 5. Од Seat очекуваат овој модел да освои околу 100.000 купувачи годишно.
Освен за овој модел, Seat со голема доза на неизвесност се бори да му биде одобрено производство и на мал SUV направен на основа на Volkswagen Up!, односно Seat Mii, сличен на студијата Volkswagen Taigun прикажана на салонот во Сао Паоло минатиот месец.

No comments:
Post a Comment